Крвнички претепаниот сопственик на тобако во Тетово има скршеници на целото тело
По бруталниот напад врз 42-годишниот сопственик на тобако-продавница во Тетово, тој се наоѓа во тешка состојба и има скршеници на целото тело. Него вчера рано утрото крвнички го претепа 27-годишен насилник, кој е син на актуелен полициски инспектор во градот, пишува „Телма“.
Претепаниот човек, А.К. е пронајден во дупка од зграда во изградба, каде според информациите, го фрлил напаѓачот, а го пронашле минувачи кои го слушнале како повикува помош.
Полицијата и Обвинителството сè уште работат на квалификација на делото. Најверојатно се чека утврдување на карактерот на повредите и се испитуваат околностите. Повредениот е во тешка состојба и има скршеници на речиси целото тело.
„На ден 15.10.2025 во 05:20 часот на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал А.К.(42) од Тетово. Имено, А.К. е пронајден со повреди во ископана дупка од објект во изградба и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, изјава Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Нападот ги вознемири тетовчани. Насилникот и претходно бил познат по проблематично и агресивно однесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крвнички претепаниот сопственик на тобако во Тетово…
По бруталниот напад врз 42-годишниот сопственик на…
Трамп и Путин ќе се сретнат идната…
Доналд Трамп изјави дека разговорал со Владимир…
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро…
Родителите на жртвите од Пулс: Очекуваме фер,…
Со соопштение до јавноста се обратија роодителите…
Штипјани го продадоа кучата: Сведоците изјавија дека…
Завршните зборови на Обвинителството и одбраната денес…