Родителите на жртвите од Пулс: Очекуваме фер, транспарентно и непристрасно судење
Со соопштение до јавноста се обратија роодителите и семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „ПУЛС“ – Кочани, веднаш откако Основниот кривичен суд од Скопје денеска објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во КПУ „Идризово“. Во, пожарот во кочанската дискотека загинаа 64 лица, а над двеста завршија со тешки телесни повреди.
Во врска со кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со трагичната несреќа во дискотеката „ПУЛС“ во Кочани, денеска добивме сознание дека главната расправа е закажана за 19 ноември 2025 година (среда), со почеток во 09:30 часот, во судницата при КПУ Идризово, се наведува во соопштението, кое интерално го пренесуваме:
– Ние, родителите и семејствата на починатите деца, соопштуваме дека со големо внимание ќе го следиме судскиот процес, со единствена цел – да се открие вистината и да се обезбеди правдата за младите животи што беа изгубени во трагедијата што засекогаш го промени нашето општество.
viber slika
Очекуваме фер, транспарентен и непристрасен процес, во кој секој што има одговорност ќе ја понесе. Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија.
Бараме јавноста, медиумите и институциите да го следат овој процес со должно внимание, бидејќи ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста.
Воедно, Ве известуваме дека, бидејќи добивме датуми за рочишта, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но со Маршевите продолжуваме секоја сабота – како симбол на нашата упорност и борба за вистината, стои во соопштението на родителите и семејствата на починатите во трагичниот пожар од 16 март годинава, стои во соопштението од родителите и семејствата на настрадните во пожарот во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…