“Крв во алкохолот”: Тетовец фатен со 2,89 промили алкохол во крвта
Полициски службеници на СВР Тетово во текот на изминатата вечер (24/25.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на поширокото полошко подрачје спроведоа акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата откриени и вкупно санкционирани биле 36 возачи (ТЕ-24 и ГВ-12), кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 1 (ТЕ) биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. Во акциската контрола адекватно санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-5).
СВР Тетово повторно со апел, посебно до младите и пред се за викендите, да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места и начин. Со тоа ќе придонесат за подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во регионот и пошироко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…