Креирани лажни профили со името на директорот на БЈБ

t

Новиот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев информира дека бил жртва на злоупотреба со лични фотографии и податоци.

-Мојот официјален фејсбук профил како директор на Бирото за јавна безбдност на МВР, ја доживеа “честа“ да има свој “двојник“! Искрено говорејќи, како и повеќето од вас, и јас најостро ја осудувам појавата на креирање лажни профили, злоупотребата и манипулацијата со лични фотографии и податоци, тој најблаго кажано – крајно недоличен и законски недозволив начин на однесување во користењето на социјалните мрежи, објавија од МВР, пренесувајќи ги зборовите на Јанев.

Како што појаснуваат, случајот веднаш е пријавен не само заради заштита на неговиот личен интегритет, туку и заради заштита на интегритетот на институцијата која што ја претставува – македонската полиција.

-Министерството за внатрешни работи врз основа на своите надлежности а согласно одредбите од Кривичниот закон на РСМ, член 149, поднесе извештај до ОЈО Скопје со што е започната постапката за откривањето на лицето кое што стои зад ова дело.

Сакам на крајот да упатам апел до сите корисници на социјалните мрежи дека сите ние сме должни да ги почитуваме и практикуваме веќе утврдените законски и регулаторни норми за употреба на социјалните мрежи. Точно е дека секој поединечен профил на некој начин го репрезентира личниот светоглед, личното сваќање и погледи на секој корисник, и тоа треба да биде така, но воедно точно е и дека тој, профилот, е и репрезент на нашата личната одговорност и совесност, стои во објавата на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Креирани лажни профили со името на директорот…

Новиот директор на Бирото за јавна безбедност…

Момче на 19 години се здоби со…

Синоќа ново пукање, уште едно во низата,…

Европски фронт нема да гласа за интерпелација,…

Пратеникот од редовите на Европскиот фронт, Блерим…

(Видео) Јенкис го хоум: Американски војници нападнати…

Националистичка група турска младина во понеделникот физички…

Секоја вечер има пукање, со Тошковски и…

Синоќа ново пукање, уште едно во низата,…