Секоја вечер има пукање, со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див запад
Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана.
Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата, реагираат од СДСМ во партиско соопштение.
– Ова е второ запалено возило на полицаец за кратко време, после палењето на возилото на инспектор од Виница. Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.
Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, се пука речиси секој ден, се палат возила на полицајци, има криминални пресметки. Хаос.
Само пред 4 дена имаше исто така пукање во Арачиново. Пред 10 дена се случи убиство кај Мавровка, пред тоа во Чаир, Синѓелиќ, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица…
А сторителите досега не се пронајдени. Од вкупно 8 убиства и обиди за убиства досега едвај едно има расчистено Тошковски. Криминалците бегаат од затворите, Тошковски не може да ги лоцира, на северната граница никој нема контрола се поминува како хотел Промаја.
Улиците станаа небезбедни, граѓаните стравуваат за својата безбедност. Криминалците прават што сакаат.
Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.
Дали Мицкоски ќе собере храброст и да го повика на одоговрност Тошковски или ќе го брани? – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…