Објавено на:

Кремљ: Американските и британските напади врз Јемен се нелегитимни според меѓународното право

t

Кремљ денеска оцени дека американските и британските удари врз Јемен се нелегитимни од гледна точка на меѓународното право и дека неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност со која се осудуваат нападите на јеменските бунтовници Хути врз бродови во Црвеното Море не може да ги оправда.

„Русија ги осудува американските и британските напади врз Јемен“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

Песков нагласи дека од гледна точка на меѓународното право, овие удари се нелегитимни и дека Кремљ се придржува до оваа позиција.

Тој истакна дека Советот за безбедност на ОН претходно усвоил резолуција предложена од САД, со која се осудуваат нападите на јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море и бараат тие веднаш да бидат прекинати.

За документот гласаа 11 членки на Советот за безбедност на ОН, додека четири земји, вклучително и Русија, беа воздржани.

„Бевме воздржани. Земјите кои го извршија нападот се обидоа да ги оправдаат своите постапки како легални. Но, не успеаја затоа што усвоената резолуција никому не му дава право да изведува удари“, нагласи портпаролот на Кремљ.

Песков додаде дека Русија постојано ги повикува Хутите да ги прекинат нападите, за кои смета дека се „крајно погрешни“.

САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија воздушни и поморски напади врз позициите на Хутите на неколку локации во Јемен, а американските власти рекоа дека нападите биле насочени кон воените објекти на Хутите и дека се направени напори да се избегне колатерална штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…

Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција:…

Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го…