Кремљ веројатно нема да се вознемири од заканата на Трамп за нови санкции кон Русија
Малку е веројатно дека Кремљ ќе биде премногу возбуден поради заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе нови санкции, високи царини и даноци за Русија доколку таа не склучи договор за ставање крај на војната со Украина, анализира агенцијата АП, потсетувајќи дека САД веќе забрани увоз на речиси сите производи од Русија, и дека земјата веќе е под бројни санкции.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
1
ВИДЕО| Андоновиќ: Враќање на дијалогот меѓу Москва и Вашингтон единствена надеж за крај на војната во Украина
2
Зеленски: Западот лажеше дека ќе бидеме дел од НАТО
3
„А што му значи тоа“: Русија одговори на заканите на Трамп за санкциите
4
За да се одржи мир во Украина според Зеленски потребни се најмалку 200 илјади војници
Прикажи повеќе вести
Кремљ веројатно нема да се вознемири од заканата на Трамп за нови санкции кон Русија
Д.А.
Пред 3 минути
САД – Русија, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат
Малку е веројатно дека Кремљ ќе биде премногу возбуден поради заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе нови санкции, високи царини и даноци за Русија доколку таа не склучи договор за ставање крај на војната со Украина, анализира агенцијата АП, потсетувајќи дека САД веќе забрани увоз на речиси сите производи од Русија, и дека земјата веќе е под бројни санкции.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Трамп денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин, преку неговиот профил на социјалните мрежи, Трутх Социјал, „ да се смири и да стави крај на оваа луда војна“. Тој додаде дека нема желба да и наштети на Русија, истакнувајќи дека таа одиграла клучна улога во победата на сојузниците над нацистичка Германија во Втората светска војна, но предупреди дека ќе има казнени мерки доколку војната во Украина наскоро не заврши.
„Доколку наскор не се договориме , нема да имам друг избор освен да воведам високи царини и давачки, како и санкции, за сè што Русија ќе им продаде на САД, како и на разни други земји учеснички“, порача Трамп.
Проблемот со оваа закана е што Русија во моментов не извезува ништо во САД освен мали количини ѓубрива, добиточна храна, неоргански материјали и машини. Нафтата беше најголемиот увезен производ од Русија, но во 2023 година тој увоз беше целосно стопиран.
Вкупниот американски увоз од Русија во 2024 година изнесува 2,8 милијарди долари. Во 2023 година тој изнесуваше 4,5 милијарди долари, а во 2022 година, пред воведувањето на најголемиот дел од сегашните санкции, изнесуваше 14,4 милијарди долари, според статистиката на американската влада.
Некои санкции против Русија беа воведени пред мандатот на американскиот претседател Џозеф Бајден. Првите беа воведени за време на претседателствувањето на Барак Обама во 2014 година како одговор на руската анексија на украинскиот полуостров Крим, а вторите беа воведени за време на првиот мандат на Доналд Трамп (2017-2021).
Згора на тоа, „различните други земји-учеснички“ што ги споменува Трамп се Иран и Северна Кореја – оние кои најмногу и помагаат на Русија, а тие се под уште поостри американски санкции од онбие под кои се наоѓа Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…
„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…