Кремљ ги негираше тврдењата: Путин не планира средба со Шолц или Трамп
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли тврдењата дека се работи на организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц или новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
– Во моментов нема планови во оваа смисла, изјави Песков за агенцијата ТАСС.
Претходно, пратеникот во германскиот Бундестаг Родерих Кизеветер изјави дека Шолц би можел да ја посети Москва пред крајот на февруари, додека средбата меѓу Трамп и Путин е „планирана за март“.
Шолц денеска изјави дека обвинувањата на пратеникот на опозициската Христијанско-демократска унија Родерих Кизеветер за неговото наводно претстојно патување во Москва се лажни и дека „таквите гласини се длабоко непристојни“.
Кизеветер вчера на платформата Х напиша дека Шолц би можел да отпатува во Москва и да се сретне со рускиот претседател пред 23 февруари, додека средбата на Трамп со Путин е закажана за март.
Тој не наведе никакви извори на информации.
– Ова е лажна и длабоко непристојна изјава, рекол Шолц на состанок на неговата партија, пренесува мрежата РНД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ ги негираше тврдењата: Путин не планира…
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли…
Возете внимателно: Итната помош со зголемен број…
Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен…
Силна снежна бура создава хаос низ Европа…
Европа се соочува со екстремни зимски услови…
(Видео) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела…
Пo масовното убиство во Цетиње, каде Ацо…
Поради петарди малолетник од Куманово заврши во…
На 04.01.2025 година во СВР Куманов лекар…