Објавено на:

Кремљ за телефонскиот разговор на Вучиќ со Путин: Србија нема да воведува санкции за Русија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот лидер Владимир Путин денеска телефонски разговарале по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград, потврдија од Кремљ, коментирајќи дека Белград и Москва се заинтересирани за натамошно зајакнување на заемно корисната соработка на различни полиња.

Како што се наведува во официјалното соопштение, „двете страни го изразија своето задоволство од нивото на билатералните односи, кои се засноваат на духовно, културно и историско заедништво и единствена оценка за минатото и сегашноста“.

– Лидерите разменија честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград од германско-фашистичките освојувачи. На тој ден во 1944 година заврши Белградската офанзивна операција на Советската армија, во која учествуваа единици на Народноослободителната војска на Југославија. Тоа беше еден од клучните настани од завршната етапа од Втората светска војна на Балканот – се вели во соопштението.

Вучиќ, како што се наведува понатаму, „му се заблагодарил на Путин за принципиелниот став дека Руската Федерација се зазема за територијалниот интегритет на Србија“, а лидерите разговарале и за Украина.

Претседателот Вучиќ претходно ги информираше граѓаните дека разговорот со претседателот Путин се одвивал во пријателски тон и дека токму рускиот претседател на тој разговор додал „лична нота“, што само по себе е показател за односот меѓу двете земји и нивните водачи.

Вучиќ, денеска изјави дека Србија е „независна и суверена земја која сама носи одлуки“, одговарајќи на новинарско прашање дали некој ќе го нападне поради денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Вучиќ претходно на својот Инстаграм профил објави дека телефонски разговарал со Путин по повод годишнината и дека за време на тој разговор „изразил надеж дека Србија нема да воведе санкции кон Руската Федерација.

Вучиќ на новинарите им рече дека „Путин ја разбира позицијата и важноста на Србија“.

Пред две години му кажав на претседателот Путин дека ќе му се јавам кога ќе биде потребно да воведеме санкции поради притисок. И по две години можам да кажам дека не воведовме никакви санкции против Русија, а денеска го потсетив претседателот Путин дека Србија нема да воведува никакви санкции кон Русија, рече Вучиќ.

Тој дополни дека Путин го поканил да присуствува на 80-годишнината од победата над нацизмот во Москва следната година и дека долго разговарале како луѓе кои се познаваат долго време и како пријатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ за телефонскиот разговор на Вучиќ со…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот лидер…

Секретарот на општина Чаир: Законски е дозволено…

Секретарот на општина Чаир, Фарук Невзати објави…

Скандал со мигрантски центар во Албанија: Италијански…

Италијанскиот пратеник Франческо Бонифази, од партијата Италија.…

29-годишен скопјанец украл возило од Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29)…

Пронајдена и одземена дрога на неколку локации…

На 19.10.2024 година во 15.40 часот во…