Кривичен суд: Определена мерка домашен притвор за судијата Ѓоко Ристов
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р. , по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова.
Со оглед да осомничениот, кој се товари за две кривични дело и тоа Перење пари и други приноси од чл. 273 ст.1 и Против правно стекнување и прикривање имот од чл. 359 – а ст.3 вв ст.1 од КЗ, е Апелационен судија, судот, пред одлучување, предлогот на ОЈО го достави до надлежниот Судски совет на РСМ, кој одлучуваше по однос на судискиот имунитет, а по добиена согласност од Советот, го прифати предлогот.
Против ова решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен суд: Определена мерка домашен притвор за…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви…
Горд сум на граѓаните затоа што имаме…
Драматична победа на Македонија над Романија, решавачки…
Во рамките на Групата Б, репрезентацијата на…
„Летал по автопатот со 293 км/ч!“ –…
Министерството за внатрешни работи брзо реагираше по…
Макрон му се потсмеваше на Трамп во…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес зборуваше на…