Драматична победа на Македонија над Романија, решавачки беше еден гол, додека Италија беше подобра од Полска
Во рамките на Групата Б, репрезентацијата на Македонија во драматичен финиш ја совлада Романија со 24:23 (13:9) на натпреварот во Хернинг.
Македонците до победата стигнаа со гол во последната минута, иако во текот на мечот имаа и предност од пет погодоци. Со оваа тешко извојувана победа, селекцијата на Македонија задржа само теоретски шанси за пласман, бидејќи за квалификација ќе биде потребно Португалија да загуби од Данска со разлика од 17 или повеќе голови сценарио што тешко дека ќе се оствари.
Најефикасен во македонските редови беше Кузмановски со девет голови, додека кај Романија се истакна Нистор со осум погодоци.
Во натпревар без резултатско значење во Групата Ф, одигран во Кристијанштад, Италија ја совлада Полска со 29:28 (15:13).
Хелмерсон и Менгон постигнаа по шест голови за „аѕурите“, а кај Полска не помогна ниту одличниот Чаплински со 11 реализации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…
102-годишна жена загина, а околу 90 лица…
Ѓорѓиевски најави акција против дивите продавачи низ…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека…
Пронајдени починати двајца мажи во Скопје, еден…
На 02.10.2026 во 05:30 часот во СВР…
Пожар во близина на објект на саудиска…
Чад и оган се забележани денеска во…
Малолетник од Скопје силувал малолетничка, делото го…
Малолетник доби кривична пријава поради сомнение за…