Кривична пријава за ексградоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари поради несовесно работење во службата.
Според обвинението, Дехари во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
„Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган“ соопшти СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за ексградоначалникот на Кичево, Фатмир…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот…
Бебе почина во Општата болница во Кичево,…
Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево…
Кривична против инвеститорот и четири лица од…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53)…
Тапани и песни ечат во Кичево –…
Тапани и песни ечат вечерва пред штабот…
(Видео) Кандидатот за градоначалник на Кичево од…
Фејсбук страницата Трета опција на социјалните мрежи…