Тапани и песни ечат во Кичево – Јовановски се качи на прозор за да ја прослави победата
Тапани и песни ечат вечерва пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, каде што симпатизерите на коалицијата „Твоја Македонија“ веќе ја започнаа прославата на, како што велат, сигурната победа на нивниот кандидат Александар Јовановски. Атмосферата станува сè погласна, а кичевци масовно излегуваат на улиците за да го проследат изборниот финиш.
По обработени 78,10 отсто од гласовите, Јовановски води со 11.455 гласови, додека неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Дехари има 9.210 гласови.
Кандидатот за градоначалник на Кичево на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, качен на прозор слави победа на локалните избори.


Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…