Кривична пријава за полицаец од Драчево – возел без положен возачки испит и со истечена сообраќајна дозвола

t

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОJO поднесе кривична пријава против Ш.А. поради постоење основи на сомнение за сторно кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Пријавениот, полициски службеник во Полициската станица Драчево при СВР Скопје, надвор од работно време, на 01.10.2026 управувал патничко моторно возило со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола и без положен возачки испит и како учесник во јавниот сообраќај не се придржувал до прописите за безбедноста во сообраќајот и со тоа управувал моторно возило на безобѕирен начин.

Одделот за внатрешна контрола против Ш.А. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: 15-годишник допирал 11-годишно девојче – со…

Сериозен случај на вознемирување на малолетно девојче…

Прегазени двајца велосипедисти

Двајца велосипедисти се здобија со тешки телесни…

Трактор сам се придвижи на бензинска во…

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Влегол во стан и се обидел да…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…