Кривична пријава за референт во ЈП „Национални шуми”, затаил 1,5м кубни дрвна маса

t

Кривична пријава против скопјанец за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(51) од Скопје, осомнилен за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик.

– На 26.07.2022, пријавениот во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Национални шуми“, издал испратница за 26.07.2022 за натоварено огревно дрво во количина од 2,5 кубни метри во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки. При контрола, извршен увид и премерување од страна на Шумска полиција било констатирано дека натоварената количина не соодветствува со наведената количина во издадената испратница, односно дека има претовар од 1,5 кубни метри дрвна маса, појаснија денеска од МВР.

На тој начин пријавениот му овозможил на М.И., кој го управувал возилото, да се стекне со противправна имотна корист, а на државниот буџет му нанел штета од 13.500 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…