Кривична против фирма поради затајување данок од над 19 милиони денари
Управата за финансиска полиција, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела, „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.
Имено, пријавениот Б.С., како управител на правното лице, во период од 01.01.2013 година заклучно со 31.12.2020 година, со намера да избегне плаќање на данок на добивка за пријавеното правно лице од Скопје и покрај тоа што не ги вратил примените парични средства на име на аванси примени од пет странски правни лица, во вкупен износ од 308.714.994 денари (5.019.756 евра), пријавениот не ги отпишал застарените обврски на пријавеното правно лице по основ на претходно наведените аванси, кои се постари од три години, со што примените аванси не ги прикажал како приходи во Даночните биланси на пријавеното правно лице за период од 2016 година заклучно со 2020 година, а кој податок бил од влијание за утврдување на ваквите обврски.
Поради тоа, дошло до намалување на даночната обврска за пресметка на данок на добивка, со што пријавениот непријавил и не платил данок на добивка по пресметковна стапка од 10% во вкупен износ од 19.831.372 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…
На граничниот премин Табановце за влез во…
„Дали мојот татко заслужува хоспитализација од македонското…
„Државата ме остави без да го хоспитализира…
Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка…
*Мојсоска: Надзорна расправа ќе има - ниту…