Криминал во позадина? Зошто советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ основал пет компании?
“Државава не ја бива” е најчеста фраза која ќе ја слушнете речиси од секој граѓанин, на улица, на пазар, во парк… А зошто “не ја бива”?
Затоа што има функционери кои се вработени во државна (општинска) администрација, не одат на работа и земаат плата, притоа иако ги мрзи да работат или имаат “попаметна” или поисплатлива работа, го држат зафатено местото на некој кој за разлика од нив би сакал чесно да работи и да си ја заработи платата.
Петар Милетиќ, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, до неодамна вработен во Општина Карпош, со месеци, можеби и години, не одел на работа, а земал плата, па откако доби отказ, стана главна ѕвезда на “вмровските” медиуми кои побрзаа да застанат во одбрана на “жртвата”.
Милетиќ, како што објасни градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во гостување во Тешки муабети на Инфомакс, со месеци не се појавил на работното место, колеги “го куцале” со картичка додека тој бил отсутен од работното место, по што бил преместен во друг сектор во кој исто така не доаѓал на работа.
– Се дрзнал друг колега да го откуцува на картичка, кога приметивме дека не доаѓа на работа го префрливме во архива и зема одмор, оттогаш не се појавил на работа и нормално вчера му дадовме отказ. Човекот е советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Петар Милетиќ, рече Јакимовски.
Медиумите кои решија да го бранат Милетиќ од одлуката на Општина Карпош заборавија да споменат дека согласно Закон, во Македонија отказ се врачува доколку три дена последователно и неоправдано вработениот отсуствува од работа.
Во случајов, Милетиќ бил толериран со месеци, веројатно со цел да се даде шанса за поправен, но желба за поправање на грешката од спротивната страна очигледно немало.
Инфомакс побара дополнителни информации за советникот Петар Милетиќ и дознавме дека тој основал низа компании во изминатите неколку години, некои од нив немале ниту по еден вработен и моментално не постојат.
Милетиќ, согласно документацијата до која дојдовме, е основач/сопственик/одогворно лице во компанијата АСК ЕНЕРЏИ ГРУП во периодот од 03.10.2016 година до 16.06.2023 година, што е и датум кога компанијата престанала да постои. Истата се занимавала со дистрибуција на електрична енергија иако немала ниту еден вработен.
Компанијата “Друштво за софтверски услуги ЛЕАНАР ДОО Скопје”, е основана од страна на Петар Милетиќ на 10.09.2018 година и постоела до 22.05.2020 година. Компанијата немала ниту еден вработен.
Милетиќ е основач и на Друштвото за трговија и услуги ИНОВА СОЛУШНС ДОО Скопје, основано на 08.03.2016 година, а престанало да постои на 08.01.2019 година.
Потоа следува Друштвото за маркетинг ГЛОБАЛ АДВЕРТАЈЗИНГ ДОО Скопје, основано на 04.06.2013 година, престанало да постои на 27.02.2020 година во кое основач и управител е Милетиќ.
Последно во низата фирми кои ги пронајдевме е Друштвото за трговија и услуги 24МОНДИАЛЕ ДОО Скопје. Основано е на 09.06.2022 година и тоа е единствена компанија кога активно постои, но исто така нема вработени, односно има управител кој е невработено лице. Друштвото се занимава со обработка на податоци, хостирање и слични дејности.
Како што кажавме претходно, Милетиќ можеби работел во овие компании, но со години не се појавувал на работа во Општина Карпош. Дополнително, се поставува прашањето зошто Милетиќ основал толку многу компании и сите тие, освен последната пропаднале од некоја причина.
Дали можеби Милетиќ ги основал компаниите со цел перење на пари останува да биде проверено од надлежните органи, Управата за финансиска полиција и ОЈО.
И да, државата “не ја бива” од безработници кои земаат плата, не одат на работа, а поради нив ниту тие што би работеле не можат да се вработат…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…