Кузеска: Граѓаните ќе бираат меѓу напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ
Оваа година е година на одлука. Одлука за европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ.
Нема трето, нема нешто помеѓу.
Пред 4 години граѓаните донеса одлука. Резултатите од таа одлука ги гледаме денеска.
-За само неколку години со СДСМ државата направи историски изчекори, прво со членството во НАТО а потоа и со почетокот на преговорите со ЕУ после 17 години чекање.
-Демократијата повторно живее во нашата земја. Не се шепоти како порано, туку гласно се говори. Се дебатира за сѐ, нема забранети теми, нема забранети емисии нема последици за поинаквото мислење. Заробената држава е минато.
-Платите и пензиите имаат историски најголем раст, трудот на работниците се вреднува и се почитува, инвестициите се најголеми а парите се враќаат назад кај грѓаните.
-Се справивме со последиците од сите глобални кризи, над 2,6 милијарди евра вративме назад кај народот.
Сега е време за нова одлука за иднината.
Изборот е сигурна европска иднина, подобар животен стандард и европски вредности со СДСМ.
Или враќање назад во минатото, изолација и неизвесност со ДПМНЕ и Левица.
ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата. Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ.
Тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило. Хаосот којшто се случува во Скопје, но и во другите општини под капата на ДПМНЕ е олицетрворение на тоа што се случува кога оваа партија е власт.
На овој народ не му требаат нови загубени години.
Затоа ова ќе биде добра година, ќе биде успешна година!
Ќе биде година на европска Македонија!
*Прес-конференција на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…