Кузеска: Мицкоски на крај влезе во влада со ДУИ
Паднаа во вода сите изјави на Мицкоски, драматизирања, лажни обвинувања. Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Мицкоски од лидерската средба. Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата. Еве денеска, ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Мицкоски излажа, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, министрите на ДПМНЕ денеска не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа.
-Нека излезе сега пишман аџијата Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови: Зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ? Чуму ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа за техничката Влада? Кому му служат овие незрели и политички уникатни чекори што ги нема на ниту едно место во светот, рече Кузеска, додавајќи дека „лидерот на опозицијата нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука, дефинитивно не знае што со себе, ниту со партијата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…