Кулеба: Ситуацијата во Донбас потсетува на Втората светска војна
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сојузниците се „подготвени да направат повеќе“ за да обезбедат воена опрема и поддршка за Украина.
Но, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, исто така, говорејќи на прес-конференција претходно во седиштето на НАТО во Брисел, рече дека е потребна помош во следниве „денови, а не недели“.
Алудирајќи на сериозноста на ситуацијата, Кулеба ги спореди борбите што се одвиваат во регионот на Донбас со Втората светска војна.
„Тоа ќе ве потсети на Втората светска војна, со големи операции… вклучување на илјадници тенкови, оклопни возила, авиони, артилерија“, изјави Кулеба.
Тој рече дека ова „нема да биде локална операција“ врз основа на тековните набљудувања на руските подготовки, пишува Би-Би-Си.
„Русија има свој план, ние имаме наш – и исходот од оваа битка ќе се решава на бојното поле“, додаде тој.
Донбас е стара област на Украина за производство на јаглен и челик. Терминот се однесува на два големи источни региони, Луганск и Доњецк. Сепаратистите поддржани од Русија прогласија „републики“ во делови од регионите во 2014 година, а руските сили зазедоа повеќе територии од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…
Пентагон размислува за започнување на војна против…
Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…
Саливaн: Нема недоразбирање меѓу САД и Израел,…
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан…
ОН: Газа повеќе не е погодна за…
Луѓето во палестинската енклава се „очајни, гладни…
Вашингтон Пост: Украина се мачи да најде…
Киев ја засилува граничната контрола додека десетици…