Куманово достојно ги чествуваше НОБ, НОМСМ и Народните херои: Смрт на фашизмот, слобода на народот!
Куманово достојно ги чествуваше НОБ, НОМСМ и Народните херои
Смрт на фашизмот, слобода на народот
Вчера Куманово беше црвено, борбено, со младешки елан и ентузијазам, и слободарско. Во Задружен дом, со почеток во 12:00 часот, се одржа јавна научна трибина, историски час и изложба на тема “Борбено и слободарско Куманово“. Локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и пред се младите од училиштата во општината, со пиетет ги чествуваа минатите револуционерни и борбени времиња, настани и личности од НОБ и Општонародната Револуција 1941 – 1944-та..
Повод за одржувањето на овој јавен настан беше одбележувањето на 79 години од одржувањето на Првиот конгрес на НОМСМ(Народно ослободителен младински сојуз на Македонија), одржан на 22 декември 1943 г. во Фуштани, одбележување на 22 декември како ден на создавање на ЈНА(Југословенска народна армија), оддавање почит на Партизанските одреди од 1941г и 1943г. од Куманово(Козјачки НОП одред, Карадачки НОП одред и првиот партизански батаљон “Јордан Николов – Орце“, од Куманово, и одавање почит на Народните херои од Куманово, и на сите знајни и незнајни Народни херои и борци од НОБ, кои со својата самопрегорна борба, самопрегор и жртва, се вградија во слободата и државноста на Македонија.
Организатори на јавната научна трибина, историскиот час и изложбата беа Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, Советот на општината, Секторот за образование и Фондацијата за култура и спорт на општина Куманово, во соработка со Институтот “Хабеас корпус“, од Скопје.
Учесници на настанот беа членовите на Советот на општина Куманово, ученици, професори и наставници од средните и основните училишта од општината, научни и културни работници, како и граѓански активисти од општината Куманово и пошироко од Македонија.
Настанот со свое воведно излагање го отвори градоначалникот Максим Димитриевски.
Панелисти на научната трибина на тема “Борбено и слободарско Куманово“ беа:
Проф. Д-р Вера Стојчевска – Антиќ со тема “Рацин – незаборавник во времето“
Проф Д-р Венко Андоновски со тема “Имаголошките претстави за Бугарите кај Волтер и за Македонците кај Маркес, сврзани со мое Куманово“
Проф. Д-р Тодор Чепреганов со тема “11 Октомври: 1941 – 2022 година“.
На Историскиот час на тема “Народноослободителната епопеја 1941 – 1944, Партизанските одреди, Народни херои од Куманово и Споменици за НОБ во Куманово“, присуствуваа ученици, професори и наставници од сите училишта во општината. На историскиот час учениците презентираа свои творби (песни, раскази и есеи) на предметната тема, со истакнување на местото, улогата и значењето на Народноослободителната епопеја од НОБ, создавањето на Македонска армија од Партизански одреди и батаљони, саможртвата на Народните херои и презентирање на борбените ликови на Народните херои Христијан Тодоровски – Карпош, Шабани Бајрам, Нацев Киро – Фетак, Георгиев Перо – Чичо, Менков Борко, Нацева Мара, Стојковски Трајко – Бузо, Петрушевски Боро, како и на останатите борци од Кумановските НОП одреди.
Исто така беше истакнат симболизмот и укажано на значењето на спомениците за НОБ – Споменикот на Револуцијата во градскиот плоштад, на Спомен костурницата на паднати борци од Куманово, на Споменикот на жената борец и на сите други споменици за НОБ во општината. Модератори на историскиот час беа професорката Маринела Јакимовска, од Куманово и граѓанскиот активист, Сотир Костов, од Кочани.
На изложбата беа претставени 8 портрети на Народни херои, во црно-бела графит техника и 5 портрети на народни херои во боја, во компјутерска техника, уметнички дела нацртани од уметникот/архитект Кирил Алексиев, од Кочани. Портретите се подарени на Општина Куманово.
Следната година ќе биде издаден Зборник со теми и слики, од јавната научна трибина, историскиот час и изложбата.
Браво за Куманово! Браво за кумановци! Секоја чест на креативноста на образовниот кадар од Куманово(професори, ученици, раководители) и за креативноста, еланот, енергијата и посветеноста на денешната кумановска младина од средните и основните училишта.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…
Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…
Обид за убиство во Куманово: Го прободел…
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(35)…
Претрес на МВР во Куманово: Пронајден кокаин,…
На 02.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници…
Жена физички нападната во Куманово
На 30.12.2022 во 19:10 часот В.К.(54) од…
Суспендиран полицаецот кој учествуваше во хулиганската група…
Алсат официјално дознава дека полицаецот вклучен во…