Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за вода! „Како делфини да чувам дома“

Енормно високи сметки за вода добиле граѓани на Општина Куманово, јавуваат гледачи на Инфомакс, а реакции на темата има и на социјалните мрежи.
Како што велат кумановци, голем број на граѓани добиле сметки за вода помеѓу 20.000 и 30.000 денари, што е енормно висока сума за сметка за вода која во просек не надминува 1.000 денари.
Кумановци до Инфомакс доставија и сметки, едната со сума од 22.410 денари за наплата, а другата со сума од 18.587 денари.


Како што можете да видите, во двата случаи има драстична разлика помеѓу сметките кои граѓаните претходно ги добивале и сметките од 20.000 денари.
Остри реакции имаше и на социјалните мрежи, каде на објавата на „Кумановска горила“ голем број на граѓани во коментари реагираат дека добиваат превисоки сметки за вода.

Го прашавме и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, дали е запознаен со ситуацијата. Тој нѐ упати прашањето да го поставиме кај директорот на Водовод, но истакна дека:
„Сметките се издаваат врз база на претходно потврдена и контролирана состојба на броилото и утврден ценовник од Регулаторна и потврдена цена на Совет“.
Директорот Оливер Стојмановски објасни дека во одредени реони имало проблем со читањето на броилата, односно истите не биле редовно читани, па во една сметка е ставена сумата за неколку месеци. Доколку има некаква грешка граѓаните можат да пријават во Водовод и истата ќе биде поправена, вели Стојмановски за „Инфомакс“.
– Во реон 9 имаше проблем со нередовно читање на броила, имаше случаи каде во сметките
Инаку има проблеми каде не ни дозволуваат пристап, ние не можеме на сила да влеземе, доколку има некаде грешка направено, може граѓаните да пријават во Водовод и тоа ќе биде исправено.
Денеска е завршена дисциплинска постапка за вработен кој нередовно одел на терен, казнет е бидејќи не си ја извршувал работата како треба. Имаме и мобилна апликација се следи кој кога оди да ги чита броилата, се работи за голем град, тешко се поркрива, но за конкретниот случај има дисциплинска, објасни директорот на Водовод Куманово.
Цените на водата се јавно достапни на веб-страницата на Водовод Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на…
Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена…
Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за…
Енормно високи сметки за вода добиле граѓани…
Кумановската болница повторно остана без вода
Кумановската болница повторно остана без вода поради…
Утрово избодено едно лице во Куманово
Утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски…
(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…
Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…