Кумашините на Мицкоски станаа функционери во Министерство и Агенција за поддршка на земјоделството!
Нема непотизам, така само ви се чини…
По дефиниција непотизам е фаворизирање роднини или пријатели при доделување на функции и почести без притоа да се води сметка за стручноста. Според речникот на македонскиот јазик, непотизам е „злоупотрерба на службената или на политичката и друга моќ за доведување роднини на привлечни и влијателни функции“.
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 16 мај 2025 година беше распишан интерен оглас за унапредување на еден административен службеник во МЗШВ, на позицијата Државен советник за организација и координација на подрачни единици. Месечната нето плата за оваа позиција е 50.323 денари.
Верувале или не, на таа позиција е унапреден токму кумашинот на Мицкоски, Игор Миќев. Во текот на вчерашниот ден е донесена одлука по интерниот оглас и како најпогоден за позицијата е избран кумашинот на претседателот на Владата.


И тоа е се. Не само што кумашинот на Мицкоски е унапреден, раководна позиција во истото Министерство си доби и неговата сопруга, Цветанка Игнева Миќев, која ќе биде помошник раководител на секторот за одобрување на проекти, но во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Инфомакс испрати прашање до Државната комисија за спречување на корупцијата, дали ќе реагираат на унапредувањето и вработувањето на кумашините на Мицкоски во државните институции. Од ДКСК за Инфомакс велат дека ќе оформат предмет по нашиот текст.
– Државната комисија за спречување на корупцијата ќе оформи предмет во врска со наводите од Вашето прашање и за констатираната состојба ќе се произнесе дополнително, велат од ДКСК.
Во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси определува дека:
Под поимот „семејство“ во смисла на овој закон се подразбира брачниот другар, вонбрачниот другар, децата, родителите, браќата и сестрите и други роднини со кои лицето од ставот (1) на овој член живее во заедничко домаќинство.
Под поимот „блиски лица“ се подразбираат лицата во брачна или вонбрачна заедница со службеното лице, роднини по крв во права линија и во странична линија до четврт степен, роднините по сватовство до втор степен, како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има финансиски интерес.
Под поимот „корист“ се подразбира остварување на секој вид материјална или нематеријална, придобивка, погодност или предност за себе или за друг.

Претходно, од позиција на опозиција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше на вакви и слични вработувања и бизниси од страна на претходната власт, па така постојано актуелна тема во јавноста беа кумовите на Ковачевски, Заев, членовите на Владата и слично. Дали од ВМРО-ДПМНЕ ќе реагираат и за овој вид на непотизам, останува да видиме.
Додека земјоделците чекаат субвенции, а состојбата во секој сектор на земјоделието е катастрофална, протестираа оризопроизводители, сточари, тутунари, јаболкари и останати земјоделци, во МЗШВ очигледно поважно е да се унапредат и вдомат кумашините на премиерот.
Чекајте вие субвенции и откуп, ќе средат, само да довработат уште некој што треба да се ухлеби на државна плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумашините на Мицкоски станаа функционери во Министерство…
Нема непотизам, така само ви се чини...…
Младите бегаат од земјоделството и од државата,…
Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители…
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…