Објавено на:

Курдите исплашени од зближувањето на Анкара и Дамаск

t

Одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да започне процес за нормализација на односите со Дамаск ги растревожи Курдите во Сирија како и опозицијата бидејќи се очекува тоа да донесе големи демографски промени и принудно враќање на милиони бегалци. Турција веќе ги објави плановите да врати милион бегалци назад во Сирија. Анкара исто така финансираше изградба на домови во северна Сирија, територија на која делуваат Курдите.

Ердоган изминатиот викенд јавно потврди дека Анкара целосно ја сменила реториката и од остар критичар на сирискиот претседател Башар ал-Асад, порача дека двете земји не можат да го прекинат политичкиот дијалог или дипломатија.

Овие зборови беа досега најјасен сигнал дека Анкара започна нова политика насочена кон стабилизирање на односите со Асад, откако повеќе од една деценија беше главниот регионален поборник за неговото соборување.

Средба меѓу Ердоган и Асад веројатно нема да има наскоро, но официјалните лица, вклучително и разузнавачите, се очекува да ја продолжат соработката.

Експертите сметаат дека нормализацијата на односите ќе оди постепено бидејќи пораките од Турција се јасни и Анкара сака да се справи со Курдската работничка партија (ПКК) која дејствува од територијата на Сирија.

Обединетите нации и невладините организации инсистираат дека Сирија сè уште e небезбедна за да се вратат бегалците во својата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Тајмс оф Израел: 6 загинати во наводниот…

Сириските медиуми јавуваат за наводни израелски воздушни…

Анкара го осуди воздушниот напад врз болницата…

Турското Министерство за надворешни работи најостро го…

Сирија: Турски артилериски напади над Курдите во…

Во моментов турската артилерија ги гранатира со…

Објавено видео од израелските напади на аеродромите…

Израел ги нападна аеродромите во Дамаск и…