Курти бара ЕУ и САД да повикаат на прекин на насилствата и казна за виновниците
Косовскиот премиер Албин Курти вечерва во разговор со претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, побара од Брисел и Вашингтон да повикаат на прекин на насилството врз домашните и меѓународните безбедносни сили во север и гонење и казнување на сторителите.
Во соопштението на косовската влада се наведува дека Курти и првиот потпретседател Бесник Бислими биле домаќини на средбата и им се заблагодариле на претставниците на ЕУ и САД за нивната посета, континуираниот интерес и добрата волја за изнаоѓање решение за ситуацијата на северот.
„Беа разменети мислења за состојбите и последните случувања, идеи за деескалација на ситуацијата на северот и итноста за имплементација на Основниот договор и Анексот за имплементација. Премиерот рече дека патот до деескалација е веднаш да се запре напади на насилни екстремисти и криминални групи врз домашни и меѓународни безбедносни сили и новинари“, се наведува во соопштението.
Само владеењето на правото може да го отвори патот за вонредни, слободни, демократски и фер избори, рече Курти.
„Вака треба да биде предизборната кампања. Кандидатите и гласачите на новите избори мора да се натпреваруваат и да учествуваат без страв и закани“, додаде тој.
Посочи дека во ваква ситуација сигурно ќе се намали бројот на полицајци во општинските згради во трите северни општини.
Курти, како што се наведува, изразил „безрезервна подготвеност и непоколеблива добра волја за интензивен и заеднички ангажман за деескалација на ситуацијата и нормализирање на односите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток…
САД го зголемија своето воздушно присуство во…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…