Курти: Немаме пороблем со локалните Срби, туку со Белград што не се дистанцира од Милошевиќ и Путин

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата земја нема проблем со локалните Срби во северните општини, туку со Белград, „кој не се дистанцира ниту од тогашниот Милошевиќ, ниту од Путин денес“, пренесува Коха Диторе.
Курти, исто така, коментираше дека Косово им понудило права на локалните Срби, дозволувајќи им целосна интеграција.
„10 од 38 општини имаат српско мнозинство, 17 отсто од членовите на општинските собранија во сите општини се Срби. Добро соработуваме и тие имаат министерства за заедниците. Сакаме интеграција на Србите во Косово. Овде имаме 4 проценти од српското население, но имаме и други малцинства кои сакаме да ги почитуваме. Сакаме да соработуваме со заедниците за да создадеме демократска република заснована на граѓани. Мислам дека не треба да има етничка поделба“, додаде Курти.
„Проблемот не е во народот на северниот сосед, туку во владата на Србија. Во никој случај со косовските Срби кои се интегрираат“, додаде Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студенти во блокада го блокираа влезот…
Блокада на студентите и група граѓани денеска…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…