Курти не е задоволен од нацрт-статутот за Заедница на српските општини
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека последниот предложен Нацрт за ЗСО е понапреден, но тоа не значи дека Косово е целосно задоволно од содржината, пренесува Дукаџини.
Курти посочи дека критиките во врска со нацрт-статутот на ЗСО ги упатил до специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
„Поради доверливоста на нацртот, не можам да зборувам за моите забелешки и критики, му ги пренесов на Лајчак преку Бисљими на 24 октомври, два дена пред нашата средба во Брисел. Тоа е уште еден нацрт, неспоредливо понапреден, но тоа не значи дека сме целосно задоволни, затоа и јас испратив мои забелешки и критики“, рече Курти.
Тој повтори дека понудил да се потпише само како дел од пакет, а не за посебен документ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…