Курти разочаран од средбата со Вучиќ: Не се заинтересирани за нормализација
Косовскиот премиер Албин Курти денеска за првпат се огласи по повод средбата со српскиот претседател, Александар Вучиќ, одржана со посредство на ЕУ на 18 овој месец во Брисел, при што рече дека е разочаран од нејзините резултати, јави дописникот на МИА од Приштина.
Обраќајќи се пред владиниот кабинет и медиумите на почетокот на денешната седница на Владата, Курти рече дека српската страна воопшто не изразила готовност за целосна нормализација на односите меѓу двете држави.
„Наместо идеи, другата страна изнесе само констатации, давајќи до знаење дека не се заинтересирани за целосна нормализација, туку за мали чекори“, рече Курти.
Тој рече дека било предвидено на состанокот да се расправа за две теми – елементите на финалниот договор и тековните прашања.
Во однос на првата тема, косовскиот премиер информира дека го изнел ставот на косовската страна за општата рамка и елементите кои треба да ги содржи финалниот договор, но дека неговата елаборација „не беше проследена со позитивен придонес од српската страна“.
„Треба да разговараме за рамката на генералната законски обврзувачка спогодба, а не за менаџирање на кризи со мали чекори и евентуални и потенцијални безбедносни проблеми. Јас бев таму како премиер на Косово, а не како полицаец, цариник, обвинител, судија или шеф на катастар. Отидов како премиер“, изјави Курти.
Тој попладнево ќе се сретне со специјалниот посредник на ЕУ во косовско-српските преговори, Мирослав Лајчак и со заменикот помошник државен секретар и пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Лајчак и Ескобар ќе бидат примени од претседателката на Косово, Вјоса Османи, а ќе се сретнат и со лидерите на најголемите опозициски партии на косовските Албанци.
Емисарите на ЕУ и САД престојуваат во Приштина, од каде подоцна ќе отпатуваат за Белград, во обид да постигнат договор меѓу Косово и Србија во пресрет на 1 септември, за кога косовските власти најавија дека ќе почнат да ги спроведуваат мерките на реципроцитет кон Србија во однос на регистерските таблички и патните документи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…
Во петокот рано наутро дошло до пукање…
Мали: Србија е на прво место по…
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…
ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…
Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…
Србија ги прати во Косово посмртните останки…
Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…