Курти со честитка за Македонија и Албанија: Косово слави за вашето достигнување
Косовскиот премиер, Албин Курти им честита на Македонија и Албанија за денешното официјално започнување на преговорите со Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.
На својата официјална страница на Твитер, Курти напиша дека Косово го прославува заедно со Скопје и Тирана нивното, како што вели, „историско достигнување“.
– Честитки за Албанија и Северна Македонија за отворањето на преговорите со Европската унија. Косово го прославува вашето историско достигнување и се приклучува на заложбите за реформи кои ќе ги трансформираат нашите земји и ќе го зајакнат нашиот регион во Европа, напиша Курти.
Честитки до Македонија и Албанија а почетокот на преговорите со ЕУ претходно упати и претседателката на Косово, Вјоса Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанците на Косово го погребаа Фатон Хајризи…
Албанецот од Косово Фатон Хајризи кој уби…
Албанија го освои вториот медал на олимписките…
Aлбанија стигна и до вториот медал на…
Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…
Во петокот рано наутро дошло до пукање…
Србија ги прати во Косово посмртните останки…
Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…