Курти: Србија сака одмазда, мора да бидеме подготвени
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека целта на Србија е одмазда и дека Косово мора да биде подготвено, бидејќи „политичката елита во Белград не се откажа од големосрпскиот проект“, пренесува Репортерс.
„Вучиќ едноставно го мами Западот. Елитата која доминира во земјата никогаш не се откажала од големосрпскиот проект. Само сега се нарекува поинаку. Тоа значи обединување на сите Срби во една држава. Тоа би значело распаѓање на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово“, изјави Курти за швајцарскиот весник ННЗ.
Курти рече дека целта на Србија е одмазда, а Косово мора да биде подготвено.
Само треба внимателно да слушате што зборува Вучиќ“, продолжува Курти. На пример, кога станува збор за Јужен Кавказ. Во 2023 година, српскиот претседател ги пофали активностите на Азербејџан за „враќање дома“ на Нагорно-Карабах. Регионот еднострано прогласи независност во 1991 година. Тој се фокусираше на развојот на економијата и систематски ја превооружуваше армијата. Само кога геополитичката ситуација дозволи, тој удри и ја врати областа. Според Вучиќ, трпението се исплати. Токму тоа сака да го направи Вучиќ со Косово. Покажува и стратешко трпение, но целта останува одмаздата. Мора да бидеме подготвени за ова“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…
Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…