Кутиите се поставени пред Зоолошка градина: Оставајте ги вашите предлози за имиња за лавчињата до крајот на неделава
Кутиите каде што може да ги оставите вашите предлози за имиња за трите лавчиња ќе бидат пред влезот на зоолошката до крајот на оваа недела.
-Вчерашниот ден беше радосен и за нас во Скопје ЗОО, но и за посетителите. Трите женски лавчиња беа пуштени во надворешното живеалиште каде што целиот ден го поминаа во игра со својата мајка, а посетителите имаа можност за првпат да ги видат, но и да дадат предлог имиња за овие три убавици. Кутиите каде што може да ги оставите вашите предлози за имиња ќе бидат пред влезот на зоолошката до крајот на оваа недела, а лавчињата може да ги видите во надворешното живеалиште на лавови спроти видиковецот од една страна и спроти волците од друга, велат од Зоо Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…