КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот план на манастирот Високи Дечани
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата КФОР во соработка со унгарскиот резервен баталјон изведе вежба за спроведување на одбранбениот план на манастирот Високи Дечани.
Како што беше објавено на Фејсбук, вежбата овозможи да се подобри капацитетот за распоредување на единиците за брз одговор, како со возила, така и со хеликоптери.
„КФОР продолжува да го спроведува својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, да придонесе за мирна и безбедна средина за сите луѓе и заедници кои живеат на Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно“, соопшти КФОР.
Во соопштението се додава дека Кфор работи во тесна соработка со косовската полиција и ЕУЛЕКС во нивните соодветни улоги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…
КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…