Лавовски, вмровски и гордо: Пред седум години го прогласија за непожелна личност, сега го назначија за директор
Владата на денешната седница го именува Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Она што е интересно е што ВМРО-ДПМНЕ претходно имало прес-конференции во кои го прогласува истиот кој сега до прави директор, за непожелна личност.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Гостивар, пред седум години реагирала на прес-конференција на советникот Кашмир Салиу од Демократски сили на Ромите.
„Салиу без тронка срам пред целата јавност искажа невистини, со цел да ја оправда сопствената алчност за кариера и личен интерес. Се што има постигнато во животот, го има постигнато со помош на коалицирањето со ВМРО ДПМНЕ, па така тој, неговата сопруга, татко му и голем дел од неговото семејство имаат добиено квалитетни вработувања. И советничката функција два пати по ред ја добива, благодарение на коалицирањето со нашата партија. Смешна и невистинита е бројката од 1500 члена, која тој ја кажува, дека глесале за него. Таа не само што е далеку помала, туку анализите покажуваат дека и голем дел од членовите на ДСР не гласале за него, знаејќи ја желбата за личен интерес. Ова се последните чекори на Кашмир Салиу во политиката. Нашето членство веќе го прогласи за непожелна личност, бидејќи за кариеристи кај нас место нема. Сепак голема благодарност до сите членови на ДСР во Гостивар, кои гласаа за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и останаа лојални поддржувачи на нашата коалиција.“, рече Лоран Страшевски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар.
Инаку, Салиу и ВМРО-ДПМНЕ се скарале поради изјава на Салиу дека на локално ниво не се веќе дел од коалицијата со ДПМНЕ поради некоректно однесување на коалиционите партнери во поделбата на директорки места, поради што и поддршката ја дава на ДУИ и СДСМ.
Епа сега кога го направија директор, сигурно му се чинат многу подобри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавовски, вмровски и гордо: Пред седум години…
Владата на денешната седница го именува Кашмир…
Секоја вечер има пукање, со Тошковски и…
Синоќа ново пукање, уште едно во низата,…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја влоши меѓународната позиција на…
Владата на ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со…
БРУКА ВО МВР: Поради Наим Рамука и…
Никој не го „гиба“ Африм Гаши, ниту…
Го осудиле за фалсификат диплома, ДПМНЕ го…
Владата се чини дека „не знае кај…