Лавров држи лекции во Советот за безбедност
Сергеј Лавров во Советот за безбедност при Обединетите Нации изјави:
Режимот во Киев не ги крие позициите за истребување на Русите и западните земји го поддржуваат во ова. Принципите за немешање во внатрешните работи на земјите многу пати се прекршени до сега.
Западот избегнува суштински разговори за Украина, бидејќи нема искрени намери. Западот денес се придржува кон принципите на ОН, но кога се работи за нивните интереси истите принципи многу пати ги има погазено.
Западната поддршка за режимот во Киев по референдумите во Крим и Донбас се во спротивност со принципите за самоопределување. Постојните граници се изградени на рушевините по Втората светска војна, а западот воден од САД се замислува дека е судија над судбините на народите и ги игнорира постулатите на кои самиот почива.
Ризикот за глобален конфликт расте. За да се сопре и да се пренасочи во насоката кон мир, Русија инсистира и ќе инсистира сите постулати на ОН да бидат респектирани и применети комплетно за сите, а не селективно како што тоа му одговара на западот предводен од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров ја објави главната закана која доаѓа…
Главната закана доаѓа од силите на Запад…
ОН: 14.000 деца ќе умрат во Газа…
Шефот на службата на ОН за хуманитарна…
(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…
Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…
Грција го презема претседавањето со Советот за…
Поморската безбедност, заштитата на цивилите во услови…
Само Македонија и Чешка гласаа во ОН…
На седницата на Советот за човекови права…