Лавров: ЕУ би сакала да го избрише сеќавањето на борбата против нацизмот, но архивата не дозволува
Европската унија се обидува да го избрише сеќавањето на војната против нацизмот и резултатите од Втората светска војна, но архивските материјали го спречуваат тоа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на фотоархивската изложба на агенцијата ТАСС, отворена по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.
„Нивниот подвиг е бесмртен. Во овие услови, кога ЕУ се обидува да го избрише сеќавањето на војната против нацизмот, руските архиви остануваат сигурен чувар на историската вистина. Архивските материјали од воените години се ефективна алатка во борбата против фалсификувањето на историјата“, рече Лавров, пренесува ТАСС.
Како пример, Лавров го наведе писмото од шефот на привремената влада на Полска, Едвард Особка-Моравски, упатено до раководството на РСФСР на 16 февруари 1945 година и претставено на оваа изложба, во кое полскиот премиер ја изразува својата верба во вечното пријателство на Полска, Русија и сите народи на Советскиот Сојуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров ја објави главната закана која доаѓа…
Главната закана доаѓа од силите на Запад…
Лавров: Забраната за влез на автомобили со…
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…
Лавров држи лекции во Советот за безбедност
Сергеј Лавров во Советот за безбедност при…
Зеленски ги критикуваше Обединетите Нации и си…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска зборуваше во…
Зеленски и Лавров во иста просторијa
Се очекува денес на маргините на Генералното…