Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија
Речиси сите членки на Европската Унија и НАТО се обединија во намерата да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија со започнување војна против Москва преку Киев, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во видео порака прикажана за време на церемонијата на отворање на 8-миот Глобален форум на млади дипломати, Лавров рече дека пред 80 години Русија ѝ нанесе решителен пораз на нацистичка Германија, која „ја обедини практично цела Европа во тоа време под своето знаме украсено со свастика“, објави Известија.
Лавров рече дека оваа година се одбележува 80-годишнината од победата во Втората светска војна и Големата патриотска војна, како и 80-годишнината од основањето на ООН, и дека значењето на овие настани, кои беа пресвртница за целиот повоен светски поредок, не може да се пренагласи.
„Важно е да се потсетиме на ова денес, кога Берлин упатува неодговорни повици повторно да ја направи германската армија најсилна на континентот и кога речиси сите членки на Европската Унија и НАТО повторно се обединија за да ѝ нанесат стратешки пораз на нашата земја со започнување војна против Русија преку владата во Киев, кој нелегално беше донесен на власт со државен удар во февруари 2014 година“, рече Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против…
Речиси сите членки на Европската Унија и…
Турција е подготвена да биде домаќин на…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека…
Кина прекинува со купување на руска нафта…
Кинеските државни нафтени компании ги прекинаа купувањата…
Медведев остро по санкциите на Трамп: Тоа…
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека…