Лавров за преговорите во Истанбул: „Интригантна ситуација“, разговорите ќе бидат тешки
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ситуацијата околу украинско-руските преговори во Истанбул е „интригантна“, нагласувајќи дека никој не очекува лесен процес и повторно критикувајќи ја улогата на Западот и властите во Киев во ескалацијата на конфликтот.
„Секако, сите сега зборуваат за Украина во врска со интригата што моментално се „готви“ во Истанбул“, рече Лавров на состанокот на Дипломатскиот клуб во Москва, објави РИА Новости.
Тој додаде дека разговорите ќе бидат тешки и го потсети на прекинатите преговори од 2022 година, за кои ја обвини Велика Британија.
Лавров остро реагираше на барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски лично рускиот претседател да присуствува на разговорите, нарекувајќи го Зеленски „беден човек“, наведувајќи дека е „манипулиран“ од надворешни актери.
Тој ги повтори своите претходни ставови дека Киев води политика што не ги претставува сите делови на Украина, особено оние со рускојазично население.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров ја објави главната закана која доаѓа…
Главната закана доаѓа од силите на Запад…
Лавров: Забраната за влез на автомобили со…
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…
Лавров држи лекции во Советот за безбедност
Сергеј Лавров во Советот за безбедност при…
Зеленски ги критикуваше Обединетите Нации и си…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска зборуваше во…
Зеленски и Лавров во иста просторијa
Се очекува денес на маргините на Генералното…