Објавено на:

Лавров: Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ниту Украина

t

Русија не планира да нападне други земји, како што не ја нападна ниту Украина, изјави денеска рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров по состанокот со украинскиот колега, Дмитро Кулеба во Анталија.

Го потврдивме и тоа со барање од руска страна, да се отворат хуманитарни коридори, а самите причини и моменти кога се отвораат тие коридори се темелат врз состојбата на теренот и анализа на ситуацијата. Треба да се изберат најефикасните рути за да се извлечат цивилите од градовите, тврди Лавров.

Во последниот извештај, посочи Лавров, се гледа дека „операцијата се одвива според планот“.

Морам да ги спомнам проценките за напредокот на воената операција, што ги радува портпаролот на нашето Министерство за одбрана и претседателот, тие велат дека операцијата се одвива според планот, појасни тој.

На новинарско прашање дали Русија ќе нападне некоја друга земја, освен Украина, Лавров одговори „не планираме да нападнеме други земји, не ја нападнавме ниту Украина“.

Oбјаснивме неколку пати, се создаде ситуација во Украина, што претставува директна безбедносна закана за Руската Федерација. И покрај тоа што со години молевме, нас никогаш не нè сослушаа и тоа претседателот Путин многу пати го кажа. Откривме некои нови факти, во Доњецк и во Луганск, териториите што ги ослободивме, се планирал напад на овие две народни републики и тоа овој месец, тврди Лавров.

Меѓу другото, Лавров изјави дека Украина „продолжи да биде слуга на западните експерименти“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…