Лавров: Русија и помага на сириската армија да ги потисне терористичките напади
Русија и помага на сириската армија да ги потисне терористичките напади, изјави денеска во Доха рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Русија и помага на сириската армија, со поддршка на воздухопловните сили распоредени во базата Хмеимим, да ги одбие терористичките напади, рече Лавров, додавајќи дека Москва прави се што е во нејзина моќ за да им се спротивстави на терористите во Сирија, пренесува Спутник.
Според него, апсолутно е неприфатливо терористите да се користат за реализација на геополитички цели, како што е случајот со групата Хајат Тахрир ал Шам.
Коментирајќи ги медиумските извештаи дека Москва наводно префрлила бродови од базата Тартус во Средоземното Море, шефот на руската дипломатија објасни дека во тој регион се водат воени вежби.
Во Медитеранот во тек се воени вежби. Можеби вашите сателитски снимки го покажуваат тоа на поинаков начин, рече Лавров.
Лавров рече дека Русија го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија и повика на итен прекин на непријателствата и почеток на дијалог меѓу владата и легитимните опозициски сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…