Објавено на:

Лавров рaспали по НАТО: Cе нарекуваат одбранбен сојуз, a три месеци ја бомбаpдираа Југославија, ја нaпaднаа Либија и го окупирaа Авганистан

t

Северноатлантската алијанса не може да се смета за одбранбена, имајќи ги предвид воените операции што ги спроведе во Југославија, Либија и Авганистан, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Во одговорот добиен од Брисел од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, гордо се наведува дека НАТО е одбранбен сојуз. Тоа тешко може да се нарече одбранбено. Не смееме да заборавиме дека тие ја бомбардираа Југославија речиси три месеци, ја нападнаа Либија со кршење на резолуцијата на Советот за безбедност, како и како се однесуваа во Авганистан“, нагласи шефот на руската дипломатија.
Лавров за „Први канал“ оцени дека по завршувањето на Студената војна, НАТО суштински престана да биде одбранбен сојуз.
„За време на Студената војна и кога постоеше Берлинскиот ѕид, беше јасно која територија да се брани. Ѕидот исчезна, во рамките на ОБСЕ прогласивме вечно пријателство, неделивост на безбедноста, солидарност, се договоривме никој да не ја зајакнува својата безбедност на сметка на другите – и тие продолжуваат да прифаќаат земји“, додаде тој.

Тие сакаат да ја „влечат“ Украина во НАТО, а нејзиното влегување во Алијансата навистина ќе ги поткопа односите меѓу Русија и Западот, предупреди министерот, додавајќи дека „секогаш се покажува дека линијата што НАТО мора да ја брани се повеќе се движи на исток“.
„Таа сега е поблиску до Украина. И тие сакаат да ја вовлечат таа земја во НАТО. Иако на сите им е јасно дека Украина не е подготвена и нема да даде никаков придонес во зајакнувањето на безбедноста на Алијансата. Ова навистина ќе ги поткопа односите со Руската Федерација, бидејќи тоа ќе биде најгрубо прекршување на официјалната политичка обврска преземена од претседателите на Соединетите Американски Држави и другите земји-членки на НАТО. Нека се тешат со тоа што се ‘одбранбен’ сојуз. Не ни е полесно од тоа. Одбранбената линија веќе се приближи“, објасни министерот.
Во таа насока, тој потсети дека членот 10 од Вашингтонскиот договор за основање на Северноатлантскиот договор вели дека земјите членки на НАТО можат да поканат која било европска земја што не е дел од блокот, што е во согласност со принципите на тој договор. и може да придонесе за зајакнување на безбедноста на Алијансата.
„Тоа може да се случи. Тие едноставно немаат право да ’поканат кого сакаат’. Тие треба да погледнат до кој степен тоа придонесува за безбедноста на самата Алијанса. Тие примија земји со чии народи имаме добри односи – Црна Гора, Македонија“, заклучи Лавров, додавајќи дека не е јасно каков придонес даваат тие земји за безбедноста на блокот, со оглед на нивните воени и воено-технички ресурси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…