Лавров: Украина им здосади многумина во Европа
Европејците се обидуваат да се убедат себеси дека Украина наводно ќе победи на бојното поле. Многу луѓе во Европа се уморни од Украина, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за телевизијата „Русија 24“.
„Тие се убедуваат себеси дека Украина ќе победи на бојното поле и затоа мора да направат се за да се случи тоа. Дајте, ве молам. Ако таквата самохипноза им помогне во животот, нека Господ им суди. Ги знаеме нашите цели, знаеме дека се бориме за праведна кауза“, нагласи тој.
„Мислам дека многумина во Европа се уморни од Украина. По инерција, со самохипноза, тие сè уште се обидуваат да ја одржат оваа ситуација на површина“, рече Лавров.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не започнала никакви борбени операции, туку се обидува да ги прекине.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…