Лага е дека ЈСП набавува поскапи енергенси, цената ја одредува РКЕ! Политикантите да одат и во Влада да дебатираат за теми од национален интерес!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во гостување во телевизијата Алсат истакна дека не е точно дека ЈСП набавува поскапа нафта од порано, туку нафтата се набавува по цени кои ги определува РКЕ.
– Ги гледав несреќните изјави на некои личности од политичката сцена, но многу е лошо кога го користите медиумскиот простор за да манипулирате и лажете.
Прво кажаа дека договорот бил 100 денари, а дневната цена е 80 денари. Фактуриррањето е многу едноставно. Во секој договор, отсекогаш било така, процедурите не се менувани со децении, се става референтна цена која е во моментот малопродажна, ако се појават повеќе понудувачи се наддаваат само за рабатот, а цената на нафтата е регулирана од РКЕ. Не можете да земете ни поскап ни поевтин енергенс, ама што се случува. Македонија е во енергетска криза, не сме биле минатиот пат кога имало таква јавна набавка. Тогаш имало повеќе понудувачи кои понудиле различен рабат, проблематично е што се бара голема банкарска гаранција. Тука немал со кого да се натпреварува и морам да кажам дека во ваква енергетска криза енергенсот ќе го набавите во онаа цена во која е.
Во енергетска криза на ЈСП ништо што му било овозможено 30 години, сега не му е, порано добивале 500 милиони, па 300, па 120 милиони од Владата.
Ние не сме во позиција да преговараме. Вие не можете некого да натерате кога се наддава да даде одреден рабат.
Не се зборува како наоѓаме начин да се излезе од кризата без ничија помош, ова претпријатие за првпат се консолидира. Не сум против финансиската полиција да провери се’, па и овој тендер. Ќе се борам ли јас со сите доколку имав што да кријам? Ако молчев ќе имав комодитет, сега во овој момент некој сака да ме направи виновна за нешто мене, а има 350 лица кои му се во управни одбори и се одговорни бидејќи водат дел од градот.
Несериозно е да се каже дека бугарска фирма требало да влезе на тендер за автобусите. Тендерот трае пет недели за да имаат сите правни лица кои сакаат да конкурираат да ги соберат потребните документи. Граѓаните и сега знаат дека ова е неточно и тоа ќе се докаже, ама политикантите не можат да дозволат во ниту еден момент да немаат противник.
Да имаа тие опонент во Владата ќе дебатираа сега таму за горливи теми кои се од национален интерес, ама не се во Владата, истакна Арсовска.
Таа додаде дека јавниот повик за автобуските линии 20 и 22 е само што објавена и дека на неа можат да се пријават сите кои досега возеле на тие линии.
Арсовска посочи дека ЈСП редовно ги исплаќало средствата на едно правно лице со кое има договор за приватните превозници, а дека Градот не знае како тој ги распределувал средствата на поединците. Доколку некој имал долг требало да одат институционално да си го наплатат, истакна градоначалничката.
– Има многу фактори во игра но она кое е ветено во програмата ние ќе го реализираме. Голем дел на проекти, дури и го надминавме очекувањето во реализацијата на проекти. Некои работи не можевме да ги претпоставиме порано, ние се бориме со криза, кога ќе се надмине кризата ќе се реализираат сите проекти, додаде Арсовска во врска со бесплатниот јавен превоз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…