Лажен инспектор земал над сто илјади денари од кавадарчанка: Рекол дека внукот удрил дете мигрант

Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој и земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од СВР Велес.
Вчера во 11.30 часот во ОВР Кавадарци, 73-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 100.000 денари и 450 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило, се претставило дека е полициски инспектор и дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант. Како што е пријавено, лицето и побарало 50.000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и извршиле примопредавање на парите, по што лицето го прекинало контактот со неа, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава.
Поради ваквите зачестени случаи, апелираме до граѓаните да внимаваат и не наседнуваат, а ваквите и слични случаи редовно да ги пријавувааат во полиција, нагласија од СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во автомобил во Кисела Вода, зафатени…
Денеска во 01.05 часот во СВР Скопје…
13-годишно девојче пријавено за исчезнато
На 23.02.2025 во 18:30 часот во СВР…
Кумановка го дала бебето на чување на…
Брачен пар од Арачиново биле пријавени од…
Специјалци по грешка упаднале во 12 куќи…
Лице кое му се заканувало на градоначалникот…
Амфетамин пронајден во јавно претпријатие
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(30)…