Објавено на:

Лажен инспектор земал над сто илјади денари од кавадарчанка: Рекол дека внукот удрил дете мигрант

t

Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој и земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 11.30 часот во ОВР Кавадарци, 73-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 100.000 денари и 450 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило, се претставило дека е полициски инспектор и дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант.  Како што е пријавено, лицето и побарало 50.000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и извршиле примопредавање на парите, по што лицето го прекинало контактот со неа, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додаваат дека се  работи на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава.

Поради ваквите зачестени случаи, апелираме до граѓаните да внимаваат и не наседнуваат, а ваквите и слични случаи редовно да ги пријавувааат во полиција, нагласија од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Кривична пријава за полицаец од Драчево –…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Уапсени маж и жена од Кочани, во…

МВР информира дека се лишени двајца сопружници…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…