“Лажен мицковистички патриотизам”: “Шпицниот” наместо капитални проекти во Скопје, отвора чешми и забранува враќање на Ќосето
“Шпицниот” градоначалник наместо да отвора капитални проекти во Скопје, се шета и отвора чешми, вели во денешното обраќање од Советот на Градот Скопје градоначалничката Данела Арсовска.
Градоначалничката истакна дека лично ќе ги сподели фотографиите каде Мицкоски одел од врата до врата со предизборната програма и ги ветувал проектите кои сега ги блокира.
– Програмата “За Модерно Скопје” секој еден од вас ја носеше од врата до врата, тоа вашиот лидер го предлагаше, тие проекти граѓаните ќе ги бараат и од мене но ќе ги бараат и од вас. Јас сликите со Мицкоски ќе ги вадам лично и персонално, да видат граѓаните дека тој ги ветувал овие работи. Шпицниот градоначалник одеше, сега отвора чешми наместо капитални проекти во Градот Скопје и мене ми е многу жал што е тоа така, но вие сами себе се саботирате, никој друг, рече Арсовска.
Градоначалничката нагласи дека советниците функционираат со одобрение од лидерот, дали смеат или не смеат да ласаат за одредена точка, а притоа по наредба, како што вели таа, станале и заминале од седницата кога требаше да се гласа одлуката за враќање на споменикот на Ќосето.
– Глумите лажен мицковистички патриотизам, вие сте причината затоа што во овој град на никој не му е подобро сега, затоа што јас како еден човек не можам да направам се што вие блокирате, истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…