Лажен оглас за бесплатен курс по Англиски јазик од Владата кружи на социјалните мрежи

t

а извесна страница на Фејсбук Family service е злоупотребено името на Владата на Македонија дека наводно нуди бесплатни часови по англиски јазик. Станува збор за измама, какви што деновиве кружат по Фејсбук.

На огласот на кој има грб, на лош македонски јазик пишува дека „Владата на Северна Македонија нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за лица од 18 до 65 години“, почнувајќи од јуни 2024 година. Во огласот се наведува дека Владата ќе им додели бесплатен таблет и сертификат во рок од 4 недели.

Некои граѓани поверувале дека огласот е вистински, што се гледа од коментарите под постот. „Почнаа со популистички мерки“, „Нема каде да се аплицира“, се дел од коментарите на граѓаните.

Погледнете како изгледа лажниот оглас и најважно, не го отворајте!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗР: Алармантен губиток на таленти, државата на…

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го…

Коце Трајановски назначен за директор на Државни…

Владата го назначи Коце Трајановски за нов…

Нема нови учебници за седмо и од…

Учебници за седмо одделение по новата програма…

Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се…

Јован Деспотовски си поднесе оставка од директорката…

Пожар кај мостот „Близнак“ и кај Кванташки…

Повеќе штети и пожари се пријавени попладнево…