Дали Унгарија навистина ја напушта ЕУ?!
Унгарија ја напушта ЕУ!
Вакви вести проширија десетици телеграм канали на првиот ден од Новата година, па дури и се појавија на вестите на некои официјални медиуми. Според авторите на веста, Виктор Орбан го најавил претстојниот „вексит“ (сличен на „Брегзит“) во своето новогодишно обраќање до народот. Наводно, политичарот се пожалил дека земјата со измама е вовлечена во европската заедница:
„Бевме дел од европско семејство, а испадна дека е ЛГБТ семејство, каде наместо татко и мајка, родителите се нумерирани како во концентрационен логор. Унгарската нација никогаш не се согласила на содомија, па јас и Брисел повеќе не сме на ист пат. Веднаш ќе ја започнеме процедурата за напуштање на ЕУ. Веста заврши со фактот дека „процедурата за напуштање на нивната Европска унија ќе ја започне унгарскиот парламент на 2 јануари, а членството во ЕУ ќе биде завршено до мај 2023 година“.
Сепак ваквата вест е ЛАЖНА! Сајтот кој ја објави веста јасно нагласува: „Сите текстови на оваа страница се гротескни пародии на реалноста и не се реални вести“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Сијарто му ја плесна вистината во очи…
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…