Лазаров: Оваа Македонија за брзо време може да стане Норвешка
Пред заминувањето за Краков, каде што македонските ракометари ќе настапат на Светското првенство, селекторот Кире Лазаров ги кажа своите очекувања на натпреварувањето.
Лазаров кажа дека ракометарите имале добри подготовки и верува дека Македонија за брзо време ќе стане Норвешка.
„Во првото коло играме со Норвешка, а верувам дека за брзо време, Македонија ќе стане Норвешка. Станува збор за репрезентација која ќе се бори за медали, а можеби и за најсјајното одличје, меѓутоа ние сакаме и го одиме истиот пат и знам дека ќе станеме квалитетна репрезентација, исто како и скандинавските, но и како оние кои значат во светскиот ракомет“, кажа Лазаров.
Селекторот на Македонија кажа дека најважно е создавањето на препознатлив стил на игра.
„Ние имаме свој идентитет во играта, што е тешко бидејќи низ годините игравме бавен ракомет и тоа беше наш заштитен знак. Не знам дали тоа ќе биде доволно за да се победува или да се губи, но верувам дека сме на вистинскиот пат“, вели македонскиот селектор.
Македонија се наоѓа во група заедно со Норвешка, Холандија и Аргентина.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран ги напаѓа американските воени бази во…
Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…
Макрон вели американските напади на Иран се…
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…
Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…
Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…