ЛАКРДИЈА: Редовна неделна колумна на Професор Оливер Андонов

t

Лакрдија

Честит празник! Среќна нова ’49-та! Нека е со среќа започнувањето на предпристапните преговори со ЕУ!
Легендата вели – Сталин го свикал Политбирото на КП на СССР, се разговарало на разни теми но пред се за дисциплинирање на членството на партијата и народот во Советскиот сојуз. Додека сериозно дискутирале присутните, Сталин во рацете држел кокошка на која и ги кубел пердувите. Кокошката, јадната, пискала на цел глас, но тој продолжувал. Кога ја искубал ја пуштил и таа побегнала од него – злосторникот. Во тоа време завршила дискусијата. Сталин расфрлал трошки леб од кокошката до неговите ноза и таа јадната по трошките повторно дошла до неговите нозе и почнала да колве од неговите раце. Така треба со народот! – поентирал Сталин.
Цинизам!
За жал на возљубените во апологетот Христијан Мицкоски, драмолетката со работен наслов „Храбриот Крсто и неговите 40 разбојници го спасуваат македонскиот идентитет“ заврши. Толку од храброста на даскалот и неговата искрена љубов кон македонскиот народ и партијата. Три години ботовите на Мицкоски ме растргнуваа кога пишував за коалицијата СДС-ДПМНЕ. За нивната подчинетост на интересите на политичко-олигархиските структури. За невидливиот менаџер кој ги координира – старите комунистички безбедносни структури основоположници и сценаристи на политичкиот театар во Македонија. Конечно се постигна синергијата помеѓу Мицкоски, Заев, Таче, Груевски односно помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ. ЕУРЕКА, фамилиите се договорија!
Целиот театар, како што многу пати пишував, беше заради лукративните интереси на Мицкоски и неговата братија но пред се интересите на неговите налогодавачи. Верувам на многумина сега им е јасна причината за нашето постоење, зошто сме „Фракцијата….“ во ВМРО-ДПМНЕ. Дали конечно го разбравте театарот на апсурдот – „Мериот коалиција“, дали конечно разбравте колку ве „маслосуваа“ за кавга, судир помеѓу добриот Никола и лошиот Сашо. За омразата на праведниот Мицкоски кон криминалците од Фамилијата да не зборувам. Криминалците владеат со ВМРО-ДПМНЕ. Никогаш и не престанале. А Вие, подржувачите на Мицкоски за него сте само „корисни идиоти“ или да бидам попластичен со цитат на Мицкоски, даден во интимно друштво, „членови.. тоа се куртони кои по употреба се фрлаат“. Вие сте единствено „важни“ кога треба да гласате. За криминалците од Вашите редови градоначалници, директори на јавни претпријатија, министри, премиери, директори на служби за безбедност, продолжете тивко да мрчите за нивните хотели, луксузни автомобили, златни часовници, хациенди во Грција, можеби и вам ќе ви „фрлат коска“.
Доколку го слушавте ламентот на Мицкоски, даден на една национална телевизија, во однос на промените во Кривичниот закон сигурно се запрашавте. Како може човек толку да ја глорифицира својата глупост? Како може со таква леснотија да искаже куп лаги? Зарем нема ниту малку почит кон интелектот на граѓаните? Кој му дал за право јавно да ги исмејува граѓаните? Како егзибиционист „без срам и перде“ го отвара мантилот и ја покажува својата интелектуална голотија! Каква первезија! Каков циник!
Дали треба да се биде поштен?
Во т.н. Парламент на Република Северна Македонија се изгласаа промени во чл. 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување, казните за ова најтешко кривично дело, барем во цивилизираните земји, беа намалени. Секако за ова не гласаа пратениците од ДПМНЕ, инфантилна политичка игра, доколку навистина сакаа да го попречат изгласување на промените ќе го напуштеа собраниите, досега тоа го правеа за многу побенигни нешта, и ќе немаше кворум за да се изгласаат промените. Но бидејќи промените беа на иницијатива на Мицкоски т.н. пратеници на ДПМНЕ останаа да ја одиграат својата ролја во оваа Карамазовштина.
За што станува збор? Со намалувањето на годините затвор предвидени за ова кривично дело, во контекст на општите одредби на Кривичниот закон, тоа значи и намалување на годините на застарување на ова кривично дело. На овој начин политичко-олигархиските господари на Република Северна Македонија ја реализираа својата цел. Имено, целото наводно инаетење за промените во Уставот, пропагандно препокриено со наводна грижа за македонскиот идентитет, бугаризација на македонскиот народ, повторна окупација од „клетите бугари“. Вознесот на македонски националромантизам па дури со доза на шовинизам, прокламиран од страна на Мицкоски, беше со единствена цел да се спасат налогодавците, оние што го креираа Мицкоски и инаугурираа на местото Претседател на ДПМНЕ. Со овие измени Фамилиите Мијалкови, Заеви како и голем дел од функционерите на коалицијата СДС-ДПМНЕ, криминалци, се ослободени од кривичен прогон поради застареност. Мицкоски е посебно среќен бидејќи криминалците од неговото најблиско опкружување преку ноќ ќе бидат „исчистени“ од кривичните дела кои им лежат на врат. Бомбастично, на времето, најавуваната борба со криминалот, предметите како „ТНТ“, „ТРАЕКТОРИЈА“, „ТЕНК“, „КИНЕСКИ АВТОБУСИ“, „ТОПЛИК“ и многу, многу други заминуваат во кошчето за ѓубре. Толку од борбата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со корупцијата и криминалот. Додека сите очекувавме ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог-закон за незастарување на делата од „економскиот геноцид“, сторени со криминалната приватизација на државниот имот, и попречување на корупцијата со повеќекратно зголемување на казните од чл.353. Мицкоски прогласи амнестија. Бандите се договорија! Каква лакрдија!
Дали вреди да се биде поштен, да се почитуваат законите, да се биде интелигентен и искрен, да ја зборуваш вистината? – прашања кои си ги поставувам, но верувам ќе си ги постават и многумина наши граѓани. Не се секирајте се продолжува во духот на античката мудрост „quod licet Iovi, non licet bovi“ (Што е дозволено на Јупитер, не е дозволено на волот). Па така казните за кражба на стог сено за волот или 30 ќебапи остануваат исти, како и за неможноста да си ги платите Вашите комуналии по што следува пленидба на имот.
Вредносна единица за порамнување во овој пазар, помеѓу коалицијата СДС-ВМРО-ДПМНЕ и меѓународната заедница, се реализирање на Уставните промени и започнување на предпристапните преговори со ЕУ.
По оваа парламентарна и законска какафонија ќе продолжи седицата за Уставни измени и секако Мицкоски, односно ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни промени. Можеби „за да не се сетат вл…те“, ќе „даде“ дел од „своите парламентарни овци“ кои преку ноќ доживеале просветлување и ќе гласаат за уставните промени! Секако потоа, како со оние кои го изгласаа промената на името, јавно ќе ги стигматизираме а тајно ќе ги наградиме.
Две дилеми
Првата дилема е реакцијата на општествената јавност за нарушените граѓански права, законитоста, уставноста, демократијата, правната држава, праведноста, еднаквоста на граѓаните пред законот, безобразлукот на политичарите и амнестијата на криминалците…Во кривичните дела опфатени со чл.353 Злоупотреба на службена положба и овластување, законодавецот како сторители ги посочил службените и одговорни лица. Односно, тоа се лицата кои ги бираме на избори и им ја даваме државата за да ја раководат во наше име, да ги трошат НАШИТЕ пари. Како што вели основната премиса на демократијата „од народот, во име на народот и за народот“, е сега последниот дел избришете го и додадете „ЗА НИВ“ – криминалците од власта и опозицијата. Овој акт на насилие од страна на политичко-олигархиските структури е директен атак и прекршување на Уставот (алваџиски тефтер) на Република Северна Македонија. Поради ова многу сум заинтересиран како на ова ќе реагира Претседателот на РСМ г-динот Пендаровски. Дали тој, како докажан борец за правда и праведност, ќе реагира во заштита на граѓаните на РСМ и ќе одбие да го потпише Указот за влегување во сила на овие криминални законски промени. Како и дали воопшто ќе реагира Уставниот суд на РСМ за овие очебијни прекршувања на уставните норми. Дали ќе слушнеме барем еден глас на „експертската јавност“, од безбројните правни факултети во државата, или мудро ќе молчат.
Втора дилема. Улогата на ВМРО-ДПМНЕ во следните политички процеси, иднина, измамено членство. Според анексот на „договорот со ѓаволот“ на Мицкоски, амнестијата на Фамилијата и нејзините соработници, освен лижење на она што Мицкоски го плукаше, ќе го чини ВМРО-ДПМНЕ и пораз на следните парламентарни избори по што следува целосно негово маргинализирање до заборав.
По ова следува вториот чин од пиесата, заминувањето на „народниот херој“ Христијан Мицкоски-Даскалот на буништето на политичката историја, таму каде што одсекогаш и бил, како акт на „морална“ одговорност по реализираните уставни промени. Во агендата на „газдите“ на партијата е предвидено „Презервативот“ Мицкоски да биде заменет со друг „презерватив. Овој пат замислено е да биде „Тројанец“ како Муцунски, Николоски, Јанушев…„Тројанци“ има толку многу што тешко ми е да ги набројам.
Единствената пречка на партиската олигархија, за да не се случи „црното сценарио“ со ВМРО-ДПМНЕ, е „Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ“ која ден низ ден се повеќе, квантитативно и квалитативно, го зазема партискиот простор. Партијата не е сопственост на лукративните политички туристи туку на чесните и поштени членови.
Фракцијата, во еден дел, со помош на магија и волшебно стапче ја реализира причината за своето постоење – предпристапните преговори за влез во ЕУ ќе започнат. Започнува вториот дел од нашата мисија – Борба против криминалците, корупцијата и партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ, превземање на партијата, нејзина демократизација и ревитализација, победа на наредните избори и формирање Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
А, да, за Сталин ми беше зборот… или за кокошката… Не можам да се сетам. Но секако ботовите на Мицкоски ќе се сетат… или пак нема. Се зависи од тоа дали сношти Мицкоски „работел“ или „го работеле“!?

Редовна неделна колумна на Проф. Д-р. Оливер Андонов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…