Лами: Палестинците треба да имаат иднина во Појасот Газа и на окупираниот Западен Брег
Шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, денеска изјави дека Палестинците треба да имаат иднина во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег и дека поддржува решение засновано на две држави, Палестина и Израел.
-Отсекогаш бевме јасни во нашето верување дека мора да има две држави. Палестинците треба да живеат и да напредуваат во своите татковини во Газа и на Западниот Брег, рече тој на прес-конференција за време на неговата посета на Киев, пренесоа британските медиуми
Лами ова го изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие земји го одбија.
Трамп кажа дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…
Пронајдена удавена жена во Дебарско Езеро –…
Жена на околу 40-годишна возраст се удавила…
На ГП Табановце се чека околу 15-30…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Мајстор наплати 100 евра за 10 минути…
Недостигот на занаетчии и растечките цени на…